Три илјади бараат работа, двојно повеќе не сакаат вработување

Bez autora
Sep 16 2013

Повеќе од 6.000 невработени од Велес се изјасниле дека не бараат вработување. Ова го покажаа податоците на Центарот за вработување. Од таму велат дека сите овие лица се пријавиле како пасивни баратели на работа. Во текот на пререгистрацијата, која се спроведе минатата година, се изјасниле дека не сакаат вработување. Одлучиле во Центарот за вработување само да се пријавуваат на секои шест месеци. Ваквите податоци сега ќе ги проверува Агенцијата за вработување. Преку анкета ќе се испитува кои се причините што огромен број луѓе се изјасниле дека не бараат активно работа. Во изминатиот период ние спроведовме една анкета кај пасивните баратели на работа, за да утврдиме зошто е тоа така. Сега ќе спроведеме и проверка на податоците.

Три илјади бараат работа, двојно повеќе не сакаат вработувањеПовеќе од 6.000 невработени од Велес се изјасниле дека не бараат вработување. Ова го покажаа податоците на Центарот за вработување.

Од таму велат дека сите овие лица се пријавиле како пасивни баратели на работа. Во текот на пререгистрацијата, која се спроведе минатата година, се изјасниле дека не сакаат вработување. Одлучиле во Центарот за вработување само да се пријавуваат на секои шест месеци. Ваквите податоци сега ќе ги проверува Агенцијата за вработување. Преку анкета ќе се испитува кои се причините што огромен број луѓе се изјасниле дека не бараат активно работа.

- Во изминатиот период ние спроведовме една анкета кај пасивните баратели на работа, за да утврдиме зошто е тоа така. Сега ќе спроведеме и проверка на податоците. Има некои нелогичности по што секој може да премине од едната во другата категорија - вели Влатко Поповски, Директор на Агенција за вработување на Македонија.
Од Агенцијата за вработување на Република Македонија објаснуваат дека пререгистрацијата која неодамна се спроведе требало да покаже колку од невработените во државата навистина бараат работа.

- Секој невработен ќе добие можност одново да се изјасни дали активно бара работа и дали ќе може да одговори на нашиот повик за евентуално вработување или пак да каже зошто не може - вели Поповски
Инаку, со пререгистрацијата драстично се намали бројот на невработени во евиденцијата на велешкиот центар за вработување. Од списокот на невработени избришани се оние кои изјавиле дека активно не бараат работа.

Според овие податоци, во Велес сега вработување бараат само околу 3.000 луѓе. Претходно оваа бројка изнесуваше над 11.000 невработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik